Апликации Apple iCloud

Научете како функционираат апликациите и екосистемот во облак на Apple.

Апликациите во облак и екосистемот за складирање во облак на Apple се нарекуваат iCloud и ги вклучуваат овие апликации:

  • Пошта (Mail) (за е-пошта)
  • Календар (Calendar)
  • Фотографии (Photos)
  • Контакти (Contacts)
  • Потсетници (Reminders) (за планирање на вашиот ден)
  • Склад во iCloud (iCloud storage) (за складирање датотеки и фотографии).

iCloud исто така ги поддржува апликациите за продуктивност на Apple, како што се Страници (Pages), Бројки (Numbers), Клучна белешка (Keynote) и други. Овие апликации не се бесплатни, но се вклучуваат при купувањето на уред Apple.

Апликациите во облак на Apple работаат на мобилни уреди и компјутери, и во овој курс ќе научите како да пристапите до нив користејќи компјутер и веб-прегледувач.

iCloud на уред Аpple
Кога го гледате зборот екосистем (ecosystem) во овој контекст, тој се однесува на сите апликации, датотеки, услуги и други програми што се брендирани како Apple iCloud.

Како да почнете да ги користите апликациите iCloud

Подготовката за користење на iCloud на вашиот компјутер преку веб-прегледувач се состои од неколку чекори. Ќе ви треба:

  • уред Apple за да ја поставите iCloud користејќи го Apple ИД - ова може да биде компјутер Mac, iPhone или iPad
  • лаптоп или десктоп
  • домашен интернет со достапни податоци
  • веб-прегледувач, како Safari, Chrome или Edge
  • Apple ИД со силна лозинка.

Како да ги најдете и да пристапите до апликациите iCloud

iCloud.com е дизајнирана да биде ваш портал до сите апликации Apple iCloud. Кога ќе ја посетите iCloud.com, најавете се со внесување на адресата на е-пошта и лозинката на вашето Apple ИД (Apple ID). Потоа, кликнете на иконата на апликацијата што сакате да ја користите.

Корисно е да можете да пристапувате до апликации Apple на icloud.com ако немате пристап до вашиот уред Apple, или ако на пример користите мобилен уред Apple и компјутер со Windows.

Синхронизација на апликации во облак и работа со склад во облак

За да зачувате или уредите датотеки користејќи апликации во облак ви треба склад во облак. Вашата бесплатна сметка на Apple iCloud има склад во облак со големина од 5GB.

  • 5GB би требало да бидат доволни за вашите датотеки и документи, а и за доста фотографии
  • Ако имате многу фотографии и сакате да направите резервна копија од нив во облакот, можеби ќе треба да купите дополнителен склад.

Кога ќе пристапите во Белешки (Notes), Календар (Calendar) и Потсетници (Reminders) на мобилниот телефон и кога ќе извршите некаква промена, iCloud ќе обезбеди дека тие промени исто така ќе се појават (или синхронизираат (sync)) со вашиот компјутер.

Како да се најавувате и одјавувате преку iCloud.com

Ви треба уред Apple за да можете да го поставите iCloud и да пристапувате до него со веб-прегледувач. За да го направите тоа, ќе го употребите Apple ИД (Apple ID) што го создадовте кога го поставивте уредот Apple.

Потоа, внесете icloud.com во адресната лента на веб-прегледувачот, па напишете ја адресата на е-пошта и лозинката на Apple ИД за да ја отворите веб-страницата. Следете ги чекорите, и кога ќе се појават иконите на апликациите iCloud, тоа значи дека сте се најавиле успешно.

Кога ќе завршите со користење на iCloud, кликнете на вашето име во горниот десен дел на страницата, па потоа кликнете на Одјави се (sign out) за да се одјавите безбедно.

Кога се најавувате на iCloud.com, се најавувате автоматски на сите апликации iCloud. Исто така, кога се одјавувате, ќе се одјавите безбедно од сите апликации наеднаш.

Како да ја користите бесплатната адреса на е-пошта на iCloud

Вашата сметка на iCloud вклучува бесплатна адреса на е-пошта и поштенско сандаче, до кое можете да имате пристап со апликацијата Пошта (Mail app). На iCloud.com кликнете на иконата на Пошта (Mail icon) за да почнете.

  • Ако веќе ја користите апликацијата Пошта на вашиот уред Apple, ќе ги видите вашите пораки тука, синхронизирани со облакот.
  • Во спротивно, iCloud ќе ви побара да одите и да ја поставите Пошта сега (set up Mail now).
  • Одете во системски поставки на iCloud (iCloud system settings) на уредот Apple и кликнете на Пошта (Mail) за да ја активирате за iCloud.
  • Следете ги чекорите што се појавуваат на екранот, вклучувајќи да изберете адреса на е-пошта на iCloud (iCloud email address).

Пошта не е единствената апликација што се синхронизира со облакот и вашите уреди. Во отанатите апликации се вклучуваат:

  • Календар (Calendar) за состаноци, потсетници, годишници или други важни датуми
  • Контакти (Contacts) е вашиот електронски адресар за детали за контакт на пријателите и семејството
  • Фотографии (Photos) ви помага да правите резервна копија и да ги организирате фотографиите што ги сликате со мобилниот уред Apple, како iPhone или iPad.

Што добивате кога плаќате за склад на iCloud

Кога купувате уред Apple, поставувате Apple ИД, коешто ви дава бесплатна сметка на iCloud и склад со големина од 5GB. Ова е доволно за датотеки, документи и неколку стотици фотографии.

За да добиете повеќе склад, можете да извршите надградба на вашата сметка на iCloud на сметка iCloud+. Постојат различни опции за складирање што можете да ги изберете и цената се плаќа месечно. Можете да го споделувате вашиот склад со уште 4 членови на семејството.

Пакетите iCloud+ може да се купат користејќи уред Apple и можете да ги откажете во секој момент. Нема да добиете надоместок, но откажаниот пакет ќе продолжи да работи до крајот на месецот. Не заборавајте да ги проверите ситните букви и размислете дали претплатата ви одговара.

Како складот на iCloud работи со апликациите на iCloud

Вашата сметка на iCloud обезбедува дека сите ваши датотеки се ажурирани и синхронизирани на уредите Apple и облакот. Нештата што можете да ги синхронизирате со iCloud вклучуваат:

  • е-пошта
  • документи (писма, написи, PDF-датотеки и друго
  • фотографии сликани со iPhone или iPad или пак додадени преку MacOS
  • вашите контакти.

За нив треба простор за складирање. За да управувате со складот на iCloud, посетете ја www.icloud.com/settings. Можеби ќе треба да го дадете вашето Apple ИД и лозинката за да се најавите.

Страницата со поставки покажува колку склад ви преостана и исто така, како се употребува помеѓу различните нешта, како Фотографии и видеозаписи (Photos and Videos) или Резервна копија од вашиот iPhone или iPad (Backup of your iPhone or iPad).